Коста Трајанов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Коста Трајанов ( 1923 во Побожје, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснал во сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил симпатизер на народноослободителното движење и во рамките на можностите материјално го помагал. Во септември 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во Младинскиот баталјон, кој постигнал бројни победи против балистичките банди на територијата на Скопска Црна Гора. Учествувал и во успешните акции против германските моторизнрани колони во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година храбро загинал во една борба пpoтив балистичките оружени сили, кај Чучерски Рид. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во гробиштата во родното место.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 272. На |first= му недостасува |last= (help)