Александар Зенговски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Крстев Зенговски
Роден јуни 1913 година
Побожје, Скопско
Починал 16 април 1945 година
Банова Јаруга, Хрватска

Александар Крстев Зенговски ( 1913 во Побожје, Скопско16 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во многу сиромашно семејство. Рано останал без татко и поради тоа од мал се судрил со тешкотиите на животот. По завршувањето на основното училиште, работел кај побогати селани во селото и соседното село Кучевиште. Подоцна работел како служител цели 11 години во основното училиште. По отслужувањето на кадровскиот рок во бившата Југословенска војска, живеел во родното село. Бил мобилизиран во бугарската војска, но во 1942 година избегал со уште неколку другари во шумите на Скопска Црна Гора.[1]

По капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на единиците на НОВ и ПОМ во овој крај , со околу 15 вооружени соселани од Побожје и соседните села на 21 септември 1944 година, се приклучиле во 16 македонска ударна бригада. Во состав на истата се борел ѝ против балистите.

По ослободувањето на Македонија заминал со 16 македонска ударна бригада за Земун, каде завршил подофицерско училиште за врска. На Сремскиот фронт командувал со специјализиран вод за врска. Во битка кај Банова Japyгa, на 16 април 1945 година, Александар храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Неговиот брат Цветко Зенговски, исто така го помагал народноослободителното движење ѝ е стрелан од страна на Бугарските фашисти, на Матка.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 61–62. На |first= му недостасува |last= (help)