Душан Чивлачки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Душан Танасков Чивлачки ( 1922 во Побожје, Скопско1945 некаде во Војводина, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство и чување добиток. Во септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, учествувајќи во сите нејзини борби против балистите и германците на падините на Скопска Црна Гора. Бил учесник и во акциите за ликвидирање на балистичките банди на Косово. Во составот на Шеснаесеттата македонска ударна бригада учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во една од тие борби против германците, храбро загинал некаде во Војводина. Бил закопан на самото место на загинувањето, но точно не се знае каде.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 162. На |first= му недостасува |last= (help)