Живко Ќоќоров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Ќоќоров
Роден 1921 година
Побожје, Скопје, Македонија
Починал 16 април, 1945 година
Будровци, Хрватска

Живко Крстов Ќоќоров ( 1921 во Побожје, Скопско16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 21 септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против силните балистички сили, како и во акциите против Германците во Качаничка Клисура. По ослободувањето на Македонија во состав на Бригадата учествувал во акциите за ликвидирање на заостанатите балистички банди на Косово. Потоа, заминал на Сремскиот фронт и се борел за ослободувањето на Војводина и Хрватска. На 16 април 1945 година во една битка кај селото Будровци, храбро загинал. Бил закопан на селските гробишта.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 153. На |first= му недостасува |last= (help)