Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кучково
Свети Ѓорѓи | |
Влезот во Кучковскиот манастир во селото Кучково | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Парохија | Ѓорчепетровска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°4′5″N 21°17′59″E / 42.06806°N 21.29972°E |
| Место | Кучково |
| Општина | Ѓорче Петров |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | 1346 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи (позната и како: Свети Ѓорѓија Победоносец) — македонски православен храм и главна манастирска црква на Кучковскиот манастир, во скопското село Кучково, Општина Ѓорче Петров[1].
Историја
[уреди | уреди извор]Се верува дека црквата била изградена во 1346 година. Низ годините, црквата, како и целиот манастир, биле запоставени и почнале да пропаѓаат, но кон крајот на XX век биле обновени. Во тој период биле изградени и камбанаријата, старите и новите конаци, библиотеката и други помошни објекти.
Иконостасот во црквата бил направен од страна на Петре Камењарката од кратовското село Лесново од делкан камен и е еден од ретките од тој вид во Скопско. Фреските во манастирската црква биле обновени од Петре Велешанецот со неговата тајфа.[2] Впечатлив е целиот фрескоживопис на црквата.[3]
Во црквата се наоѓале и познати икони на Св. Богородица и Св. Јован, кои сега повеќе не се наоѓаат во самата црква.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Прво крштевање во манастирот св Ѓорѓија во с. Кучково“. Општина Ѓорче Петров. Скопје. 13 август 2014. Архивирано од изворникот на 2015-11-20. Посетено на 17 мај 2016.
- ↑ „Културни споменици од христијански карактер“. Општина Ѓорче Петров. Скопје. 4 март 2010. Архивирано од изворникот на 2016-05-08. Посетено на 17 мај 2016.
- ↑ Мирчевска Јовановиќ, Мирјана (10 април 2015). „Чудесната моќ на манастирот „Св. Ѓорѓија" над Кучково“. КАНАЛ 5 - Телевизија. Скопје. Посетено на 17 мај 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Кучковски манастир на Ризницата ?


