Сокол Митровски
Сокол Митровски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Ѓорче Петров | |
На должноста 2005–2017 |
|
Претходник | Васил Толевски[1] |
Наследник | Александар Наумоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 16 март 1948 Кучково |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Сопружник | Тодорка Митровска |
Установа | Воена академија во Белград |
Професија | Воено лице |
Вероисповед | Православен христијанин |
Сокол Митровски — градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Тој е исто така пензионирано воено лице.
Биографија[уреди | уреди извор]
Сокол Митровски е роден во скопското село Кучково на 16 март 1948 година. Потекнува од рударско семејство. По завршување на гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје, школувањето го продолжува на Воената академија во Белград, а потоа заминал на воен колеџ во Париз. Имал успешна воена, дипломатска и политичка кариера. Денес е генерал во пензија. Тој е еден од основачите на Факултетот за одбрана во Скопје, како и долгогодишен професор на Воената академија. Бил член на Кабинетот и аѓутант на поранешниот претседател Киро Глигоров и на починатиот претседател Борис Трајковски. Во својата богата кариера бил воен аташе во Париз и во Софија.[2]
Тој три пати има победено во трката за градоначалник на општина Ѓорче Петров. Во 2005 победил како независен кандидат, додека на локалните избори 2009 бил кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.[3] На Локалните избори 2013 победил со тесна разлика пред против-кандидатот Александар Наумовски, по прегласувањето во две избирачки мести.[4] Неговата победа беше оспорувана од опозициската СДСМ, а против него беше поднесена и тужба до Управниот суд за изборни нерегуларности.[5][6]
На Локалните избори во 2017 година бил поразен од својот против-кандидат од редовите на СДСМ, Александар Наумоски. На 1 ноември 2017 година бил приведен за наводна злоупотреба на службената положба и овластувањата[7]
Тој е оженет и татко на две полнолетни деца, а дедо на четири внуци. Негово хоби е ловот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Решение за избор Вршител на должноста Градоначалник на Општина Ѓорче Петров“. Град Скопје. http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/e894f28132db24cec1256fa400455681?OpenDocument. посет. 21 мај 2013 г.
- ↑ „Сокол Митровски“ (на македонски). Утрински Весник. понеделник, 16 октомври 2006. http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1740&stID=33114&pR=24. посет. 21 мај 2013 г.
- ↑ „Сокол Митровски бара втор мандат да ги доврши проектите“ (на македонски). Утрински Весник. 14 јануари 2009. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DD00000BC20FFA4780EA619C16BC3627. посет. 21 мај 2013 г.
- ↑ „Сокол Митровски доби нов мандат во Ѓорче Петров“ (на македонски). Дневник. 21 април 2013. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B78775B44D57EC4DBD7512CC9D4DAE8E. посет. 21 мај 2013 г.
- ↑ „Александар Наумовски ќе ги тужи Груевски, Ставрески и Сокол Митровски“ (на македонски). МКД.мк. 19 Април 2013. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/aleksandar-naumovski-kje-gi-tuzhi-gruevski-stavreski-i-sokol-mitrovski. посет. 21 мај 2013 г.
- ↑ „СДСМ ќе го бојкотира третиот круг во Ѓорче Петров“ (на македонски). Прес 24. 19 април 2013. http://star.press24.mk/story/makedonija/lokalni-izbori-2013/sdsm-kje-go-bojkotira-tretiot-krug-vo-gjorche-petrov. посет. 21 мај 2013 г.
- ↑ Уште неколку лица се приведени заедно со поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски