Прејди на содржината

Ѓорѓи Крстевски (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорѓи Трипунов Крстевски ( 1919 во Кучково, Скопско1945 во Сремска Митровица, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово и учествувал во уништувањето на одметнатите балистички банди. По успешното завршување на оваа задача заминал за Срем, каде се борел во завршните операции против непријателот на СФРЈ. Со Бригадата учествувал во пробивот на силно утврдените германски позиции кај Шид - Товарник. Во борбите за ослободување на Сремска Митровица во април 1945 година, загинал на бојното поле.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 80–81. На |first= му недостасува |last= (help)