Златко Марин
| Златко Марин | |
|---|---|
| Градоначалник на Општина Аеродром | |
| На должноста 15 октомври 2017 – 2021 | |
| Претходник | Ивица Коневски |
| Наследник | Тимчо Муцунски |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 14 јули 1978 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Партија | СДСМ |
| Деца | 2 |
| Образование | „Св. Кирил и Методиј“ |
| Занимање | политичар |
| Вероисповед | православен христијанин |
Златко Марин (14 јули 1978 во Скопје) — македонски политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Аеродром. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 52,19% од вкупните гласови. Отстапил од должноста откако ги загубил локалните избори на 17 октомври 2021 од Тимчо Муцунски. Има дипломирано на факултетот за физичко образование, спорт и здравје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]
Марин по дипломирањето работел како професор по спортски активности во средното училиште „Владо Тасевски“. Во периодот 2002–2005 бил член на надзорниот одбор на ЈСП Скопје, а потоа бил член на советот на Општина Аеродром во два мандати (2005–2013). Тој во 2013 бил назначен за претседател на општинската организација на СДСМ во Аеродром.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Биографија на Златко Марин“. Општина Аеродром. Посетено на 2017-10-31.
- ↑ „Коневски му ја честита победата на Марин“. Курир.мк. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 2017-10-31.