Прејди на содржината

Борјанчо Мицевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борјанчо Мицевски
Градоначалник на Општина Крива Паланка
На должноста
2017 – 2021
Претходник Арсенчо Алексовски
Наследник Сашко Митовски
Лични податоци
Роден(а) 14 август, 1971
Крива Паланка, СР Македонија
Починал(а) 24 ноември, 2024
Крива Паланка, Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа ПМФ

Борјанчо Мицевски (Крива Паланка, 14 август 1971Крива Паланка, 24 ноември 2024) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Крива Паланка од 2017 година до 2021 година. Негов наследник бил Сашко Митовски.[1][2]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Основно и средно образование завршил во родниот град Крива Паланка, а ПМФ во Скопје, во 1996 година.[3] По дипломирањето работел на повеќе работни позиции: бил в.д директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, член на Советот на Општина Крива Паланка, и друго. Градоначалник на Општина Крива Паланка станал на локалните избори во 2017 година, како кандидат на СДСМ. На локалните избори во 2021 година Мицевски бил поразен и Сашко Митовски станал градоначалник. На 24 ноември 2024 година заради здраствени причини Мицевски починал. Истиот ден, Венко Филипче, новиот водач на СДСМ, најавил на Фејсбук за смртта на Мицевски.[4]

  1. Податоци за градоначалник
  2. Цветковска, Жаклина (17 октомври 2021). „Сашко Митовски избран за градоначалник на Крива Паланка во првиот круг“. Kumanovonews.mk.
  3. Биографија на Борјанчо Мицевски
  4. ММС (24 ноември 2024). „Утрово ненадејно почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка“. Македонски медиа сервис.