Руен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руен
Врвот Руен во зима
Највисока точка
Надм. вис.2252 м
Координати42°09′N 22°31′E / 42.150° СГШ; 22.517° ИГД / 42.150; 22.517Координати: 42°09′N 22°31′E / 42.150° СГШ; 22.517° ИГД / 42.150; 22.517
Географија
Руен на карта

Карта

Матичен венецОсоговски Планини
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патПониква - Царев Врв - Руен
Карта
Местоположба на Руен во неговата околина

Руен — највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри[1]. Врвот се наоѓа на самата граница меѓу Република Македонија и Бугарија, и е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија.

Правци за искачување[уреди | уреди извор]

Искачувањето на врвот Руен може да се изврши од два правци, и тоа едниот е од правецот на Кочани преку Пониква до Царев Врв, на кој нема бележници. Патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка Чешма“, што е најниска точка на патеката, а тука на преслапот десно под патеката навистина има чешма со тоа име, потоа започнува искачувањето на Руен, кое вкупно од Царев Врв трае околу 2 часа.

Друг правец е преку рудникот „Тораница“. Кога се оди од Крива Паланка кон Бугарија, пред да се стигне до границата се врти десно кон рудникот „Тораница“, оддалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот може да се искачува непосредно на врвот Руен, иако нема бележници, но полесна варијанта е да се искачува во правец на седлото меѓу Царев Врв и Руен и потоа да се оди кон врвот.[2]

Зависно од правецот, потребни се околу 2-3 часа. За движење во пограничен појас потребна е дозвола од Министерството за внатрешни работи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 104. Посетено на 16 јануари 2024.
  2. Убава е Македонија — Пелагон