Градиште (Горно Кратово)
Градиште-Чукар — градиште од доцноантичкото време кај кратовското село Горно Кратово. На 2 км од месноста Грамади се издига висок и тешко пристапен рид. На самиот врв има прилично добро зачувани остатоци од бедем што оградувал простор од 50 × 50 м, ѕидан од камен и варов малтер, широк 1,50 м. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 183. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |