Трипатанци
Трипатанци | |
![]() Панорамски поглед на селото Трипатанци | |
Координати 41°55′55″N 22°12′25″E / 41.93194° N; 22.20694° EКоординати: 41°55′55″N 22°12′25″E / 41.93194° N; 22.20694° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 126[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21032 |
Надм. вис. | 390 м |
![]() |
Трипатанци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Трипатанци е сместено во јужниот дел на Општина Пробиштип, непосредно на левата страна од Злетовска Река. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 390 м. Неговиот атар е мал и зафаќа површина од 4,9 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
За време на Првата балканска војна, од селото Трипатанци имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Вкупната земјоделска површина изнесува 437 ха, од кои обработливото земјиште зафаќа површина од 251 ха, пасиштата се на површина од 180 ха, а преостанатите 6 ха отпаѓаат на шуми.[4] Во основа, селото има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Трипатанци имало 160 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 126 жители, од кои 125 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | — | 265 | 297 | 295 | 292 | 244 | 198 | 203 | 126 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Трипатанци е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Доселеници: Гољаци (4 к.) доселени се од околината на Јанина, Епир во Грција. Од околината на Јанина пребегнал некојси Баба Јања со неговите четири сина; Варадинци (4 к.), Рајчанци (3 к.) и Црнчевци (7 к.) доселени се во различен период од селото Рајчани кај Кочани; Рудевци (4 к.) и Крстевци (2 к.) доселени се од селото Јамиште; Прелатановци (6 к.) доселени се од селото Пуздерци; Дедо Велковци (3 к.) и Стрмошанци (2 к.) доселени се од селото Стрмош; Узуновци (2 к.) доселени се од селото Филиповци кај Кратово; Јорданинци (2 к.) доселени се од селото Карбинци кај Штип; Сорливци (2 к.) и Маџар (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[9]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1564 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 109 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Споменици
- Спомен-плоча посветена на В. Николов Атанасов.[12]
- Реки
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 300–301.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 883.
- ↑ Населени места во Општина Пробиштип — Трипатанци, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Трипатанци на Ризницата ?