Пестришино
Пестришино | |
Општина | Пробиштип |
Население | 10 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 21023 |
Пестришино (порано: Пестршино) — село во Општина Пробиштип, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Петршино живееле 135 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петршино имало 156 жители, од кои 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми.[2]
Во 2014 г. на селото е официјално преименувано од Пестршино во Пестришино.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис од 2002 година, во Пестришино живеат 10 жители, Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 135[1] | 156[2] | 162 | 157 | 152 | 117 | 51 | 29 | 21 | 10 |
Родови[уреди | уреди извор]
Пестришино е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Какаровци (6 к.) они се единствениот староседелски род, кои знаат дека сигурно живеат минимум шест колена назад во селото (во 1970-тите).
- Доселеници: Рибарци (5 к.) потекнуваат од предци кои турските бегови од Штип ги донеле во ова село да работат на чифликот. Нивното потекло е од селото Рибарци кај Битола. Бегот во овој довел и други семејства од битолско; Соколовци (5 к.) водат потекло од тројца браќа кои се доселил овде од селото Бардовци кај Скопје; Урдовци-Кременовци (6 к.) доселени се од селото Пуздерци; Караздравевци-Караманци (3 к.) доселени се од селото Куково во XIX век.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1549 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 222.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 130 - 131.
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.