Куково

Координати: 41°55′47″N 22°06′25″E / 41.92972° СГШ; 22.10694° ИГД / 41.92972; 22.10694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куково

Панорама на селото Куково

Куково во рамките на Македонија
Куково
Местоположба на Куково во Македонија
Куково на карта

Карта

Координати 41°55′47″N 22°06′25″E / 41.92972° СГШ; 22.10694° ИГД / 41.92972; 22.10694
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21017
Надм. вис. 570 м
Куково на општинската карта

Атарот на Куково во рамките на општината
Куково на Ризницата

Куково — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куково се наоѓа на крајниот југозападен дел на Пробиштипско-злетовскиот басен и територијата на Општина Пробиштип, источно од падините на планината Манговица, а неговиот атар се граничи со територијата на Општина Свети Николе. Оддалечено е на 17 км од Пробиштип, а атарот зафаќа површина од 9,4 км2. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 570 м. Припаѓа на сливното подрачје на Злетовска Река.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Куково се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 7 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото има земјоделска површина од 992 ха, од кои 449 ха го сочинуваат обработливото земјиште, 404 ха отпаѓаат на пасишта, а на површина од 24 ха се простираат шуми.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948238—    
1953257+8.0%
1961262+1.9%
1971177−32.4%
198186−51.4%
ГодинаНас.±%
199145−47.7%
199445+0.0%
200218−60.0%
20214−77.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Куково имало 90 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куково имало 80 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 10, а бројот на живеалишта 28.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 80 238 257 262 177 86 45 45 18 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Куково е македонско село.

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Куково, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1546 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[16]
  • Грамадиште — населба и некропола од доцноантичко време; и
  • Мошевица — населба од доцноантичко време.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 167–168.
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855.
  4. Населени места во Општина Пробиштип — Куково, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 134-135.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 ноември 2016.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]