Трооло
Трооло | |
![]() Главната селска црква „Св. Троица“ | |
Координати 41°54′13″N 22°09′18″E / 41.90361° N; 22.15500° EКоординати: 41°54′13″N 22°09′18″E / 41.90361° N; 22.15500° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 45[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21033 |
Надм. вис. | 490 м |
![]() |
Трооло — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Трооло се наоѓа во крајниот јужен дел на Општина Пробиштип, на десната страна од Злетовска Река. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 490 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 13,9 км2. Од градот Пробиштип е оддалечено 16 км.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, жител на селото со име Наум бил уапсен и измачуван.[3]
За време на Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Земјоделската површина во атарот на селото зафаќа површина од 1.368 ха, од кои пасиштата преовладуваат на 889 ха, обработливото земјиште е на површина од 465 ха, додека шумите зафаќаат површина од 14 ха.[5] Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Трооло имало 80 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трооло имало 104 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 21, а бројот на живеалишта 29.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[8] | 1905[9] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 104 | 283 | 302 | 295 | 232 | 126 | 66 | 63 | 45 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Трооло е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Гаџовци (5 к.) единствениот староседелски род во селото.
- Доселеници: Србинци (Аџиски 10 к., Пецовци 9 к., Наумовци 3 к., дедо-Пауновци 2 к.) се еден род, доселени се, но не знаат од каде, доселени се пред околу 7-8 колена (во 1970-тите); Елмазовци (6 к.) доселени се како чифличии од сега раселеното село Чашице, се наоѓало кај селото Бучиште. А таму нивните предци се доселиле во XVIII век од Дебарско; Зафировци (5 к.) се доселиле како чифличии од селото Петршино, а таму биле доселени од селото Бардовци кај Скопје во XVIII век; Цветковци (5 к.) потекнуваат од селото Древено. Најпрво од Древено биле по селата Пуздерци, Зарапинци и Петршино како чифличии, а потоа дошле во денешното село; Цековци (1 к.) по потекло се од селото Врбица кај Кочани. Прво биле по разни села, па дошле овде.[11]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1547 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 30 гласачи.[13]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
Цркви[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Троица“ — главна и единствена селска црква.[14]
Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]
- Во Селото - населба од доцноантичко време.
- Св. Спас - некропола од доцноантичко време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 303.
- ↑ „Дебърски глас“. Година 2, бр. 38. 3 април 1911. стр. 3.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 884.
- ↑ Населени места во Општина Пробиштип — Трооло, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 136-137.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.