Црква „Св. Троица“ - Трооло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Троица
Црква „Св Троица“ - Трооло.jpg

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Трета пробиштипска
Местоположба

Координати 41°54′14.6″N 22°09′18.1″E / 41.904056° СГШ; 22.155028° ИГД / 41.904056; 22.155028Координати: 41°54′14.6″N 22°09′18.1″E / 41.904056° СГШ; 22.155028° ИГД / 41.904056; 22.155028
Место Трооло
Општина Пробиштип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Завршено 1901
Зограф непознато
Архитектонски опис

Света Троица — главна селска црква во селото Трооло.[1] Црквата е сместена во средишниот дел од селото, во непосредна близина на сретселото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1901 година, но не е познато кога и од кој архијереј била осветена. Исто така, не е познато кога и од кој зограф биле изработени иконите. Црквата не е зографисана.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа. Ѕидана е од камен и малтер со полутркалезни сводови и е покриена со ќерамиди. На северниот и јужниот ѕид има по еден прозорец. Од западната и јужната страна на градбата е доградена припрата, којашто е пониска и исто така е покриена со ќерамиди. Над влезната порта има натпис на којшто е испишан датумот 23 февруари 1901 година и од кој се забележува дека црквата има повеќе ктитори. Над натписот има живопис на којшто е прикажано Светото Тројство.

Дворот на црквата е обележан со камена ограда. Камбанаријата е сместена во аголот од дворот на црквата, од левата страна на влезната порта. Таа претставува дводелна градба од камени тули, при што првиот дел има квадратна основа и од сите страни е заграден со камени ѕидови. Вториот дел има осумаголна основа и, со исклучок на основата, е сочинет од осум дрвени столбови покриени со кровот на камбанаријата.

Внатрешноста на црквата нема фрескоживопис. Иконостасот е изработен од дрво и на него има 20 икони распоредени во два реда, од кои во долниот ред има 7 поголеми, а во горниот ред 13 помали икони. Мали икони се поставени и во просторот пред иконостасот. На јужниот ѕид, од десната страна на иконостасот е сместен владичкиот стол.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]