Добрево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Добрево
Панорамски поглед на селото Добрево 2.jpg

Панорамски поглед на селото Добрево

Добрево во рамките на Македонија
Добрево
Местоположба на Добрево во Македонија
Добрево на интерактивна карта

Карта

Координати 42°01′27″N 22°11′50″E / 42.02417° СГШ; 22.19722° ИГД / 42.02417; 22.19722Координати: 42°01′27″N 22°11′50″E / 42.02417° СГШ; 22.19722° ИГД / 42.02417; 22.19722
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Probištip Municipality.svg Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 171 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21008
Надм. вис. 600 м
Добрево на општинската карта
Добрево во Општина Пробиштип.svg

Атарот на Добрево во рамките на општината
Commons-logo.svg Добрево на Ризницата


Добрево — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Влез во селото

Селото се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Пробиштип, во рударско подрачје исполнето со конусни ридови, кои се вонредно богати со олово-цинкова руда. Неговиот атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 600 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 6 километри.[2]

Низ селото минува регионалниот пат 1309, кој ги поврзува Пробиштип и Злетово.

Традиционално, до Втората светска војна, селото било поделено на следниве маала: Кацарско, Шутевско, Витановско, Тулумџиско, Кумичарско и Јуручко Маало. Меѓу првите пет маала е сместено сретселото.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Добрево е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Селото се споменува во две грамоти на царот Стефан Душан и деспотот Константин Дејанов од 1381 година.[5] Во него се споменува дека се наоѓала црква „Св. Варвара“, којашто деспотот Јован Оливер ја приложил на Лесновскиот манастир во 1341 година.[2]

Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување. Сите мажи побегнале незаконски и војската се распоредила околу нивните имоти.[6]

За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[7]

Францускиот шпион Анри Пози во својата книга „Војната се враќа“ (1934), раскажува потресувачка случка за српските тормози над Македонците:

Во селото Добрево, една 16-годишна мома, Миладина Тачева, обвинета и осудена дека пеела македонска песна, била соблечена гола, врзана за една даска и ѝ биле нанесени 60 удари со стап по крсната коска. Потоа, била малтретирана од страна на началникот на групата и неговите другари - шестмина![8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 9,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 418,7 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 276,8 хектари, а на пасиштата 187 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-шумарска функција, но добар дел од работноспособното население е вработено во рударската дејност. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[2]

Во селото се наоѓа рудникот на олово-цинкова руда „Добрево“.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948457—    
19531.049+129.5%
19611.053+0.4%
1971736−30.1%
1981502−31.8%
ГодинаНас.±%
1991420−16.3%
1994442+5.2%
2002340−23.1%
2021171−49.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Добрево имало 290 жители, сите Македонци.[9] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Древено имало 320 жители, сите Македонци.[10]

Во 1961 година селото било големо и тогаш броело 1.053 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 442 жители, односно станало мало село по големина, населено со 435 жители Македонци и 4 жители Турци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 340 жители, од кои 336 Македонци, 2 Турци и 2 од друга етничка припадност. Бројот на домаќинства изнесувал 100, а бројот на живеалишта 175.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 151 Македонец, 1 Србин и 19 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 290 320 457 1.049 1.053 736 502 420 442 340 171
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Добрево е македонско село.[3]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Шутевци (11 к.), Витановци (14 к.), Тулмиџици (7 к.), Соларци (5 к.), Божидарци (5 к.) и Наумовци (4 к.).
  • Доселеници: Кумичарци (25 к.), доселени се во првата половина на XVIII век од кривопаланечкото село Дурачка Река; Кацарци (18 к.), доселени се пред крајот на XVIII век од кочанското село Бели; Јуруци (4 к.), се доселиле од некое село во Радовишко; Кузмановци (4 к.) и Јованчевци (3 к.), доселени се од селото Јамиште; Јаребинци (2 к.), доселени се од кратовското село Шлегово; Калугерци (2 к.), доселени се од селото Лесново.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на училиштето

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Добрево било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Добрево, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Добрево, во која влегувале селата Добрево, Дреново и Марчино.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1554 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 211 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 196 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Манастир — некропола од доцноантичко време; и
  • Пешула — градиште од доцноантичко време.
Цркви[20]
Споменици[21]
  • Споменик во чест на третата Македонско–кумановска ударна бригада; и
  • Спомен плоча посветена на загинатите борци при нападот на рудникот „Злетово“.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Добрево

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 97.
  3. 3,0 3,1 Апостолов, Александар, Кондев, Тодор, Керамидчиев, Апостол, Василевски, Ангел, Арсениевски, Лазо и Домазетовски, Стоимир. „Злетовска област, географско-историски осврт“. Скопје, 1974. стр. 61.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 320. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Матанов, Христо. „Княжеството на Драгаши“. София, 1997. с. 220.
  6. „Дебърски глас“. Година 2, бр. 26. 20 октомври 1910. стр. 4.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 842.
  8. Пози, Анри. „Войната се завръща Архивирано на 13 декември 2014 г.“. Планета-7. София, 1992.
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Локални избори 2021“. Посетено на 9 ноември 2022.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-09.
  22. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]