Марчино
Марчино (или Маричино) — село во Општина Пробиштип, североисточна Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во севенриот дел на општината. Лежи источно од Кундино, западно од Добрево и неколку километри северно од Пробиштип. Атарот му се граничи со Општина Кратово. Атарот има ридски карактер и зафаќа 5,9 км2, а самото село е на надморска височина од 700 м.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Марчино било наполно македонско село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Маричино имало 200 жители, сите Македонци христијани.[2][3]
На почетокот на на XX век населението на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Маричино (Maritchino) имало 272 Македонци, сите под егзархијата.[2][4]
Во октомври 1910 г. селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците. Неколку лица се убиени и ранети од властите.[5]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Марчино има полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. селото имало 252 ха обработливо земјиште, 159 ха пасишта и 147 ха шуми.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 272 | 324 | 341 | 365 | 253 | 228 | 50 | 38 | 26 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Бројноста на населението доживеала голем пад во текот на 1980-тите кога бројот на жители се намалил четрикратно. Ова намалување продолжило и понатаму, иако умерено. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 26 жители. Следува табела на националната структура на населението според тој попис.[9]
Националност | Вкупно |
Македонци | 26 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Пророк Илија“, изградена во 1812 г. и не е живописана[10]
- Основно училиште
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1555 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 34 гласачи.[12]
Личности[уреди | уреди извор]
- Димитар Стефанов (1899–1970) — револуционер, терорист на ВМРО[13]
- Мане Тасев (1882–1922) — деец на ВМРО, загинал во борба со српски единици на 8 јули 1922 г.[14]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 192. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 222. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 130-131.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Парохии при храм Света Богородица - Пробиштип“. Брегалничка епархија. Посетено на 15 јануари 2021.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 704.