Ратавица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ратавица
Панорамски поглед на селото Ратавица.jpg

Панорамски поглед на селото Ратавица

Ратавица is located in Македонија
Ратавица
Местоположба на Ратавица во Македонија
Координати 41°58′03″N 22°13′03″E / 41.96750° СГШ; 22.21750° ИГД / 41.96750; 22.21750Координати: 41°58′03″N 22°13′03″E / 41.96750° СГШ; 22.21750° ИГД / 41.96750; 22.21750
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Probištip Municipality.svg Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 277[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Надм. вис. 420 м
Слава Света Троица
Commons-logo.svg Ратавица на Ризницата


Ратавица, Ратовица или Ратавици — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на десната страна од Злетовска Река. Тоа е рамничарско село и се наоѓа на надморска височина од 420 м. Источно од селото, на левата страна од Злетовска Река започнуваат да се идигаат првите ридови од Осоговските Планини. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 3,5 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Ратавица се наоѓало во Кратовската каза, во Отоманското Царство.

Ратавица во миинатото било мало село, но прераснало во средно по големина.[2]

Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 4 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Вкупното обработливо земјиште во рамки на селскиот атар зафаќа површина од 165 ха, на пасишта отпаѓаат 157 ха, додека шумите зафаќаат незначителна површина.[4] Основната стопанска дејност во селото е полјоделството. Освен тоа, во него работат и услужни објекти.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратавица имало 146 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратавица имало 126 жители, од кои 120 Македонци и 6 Власи.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 277 жители, од кои 267 Македонци, 9 Власи и 1 Србин. Бројот на домаќинства изнесувал 17, а бројот на живеалишта 31.[1] Во непосредна близина на селото, од левата страна на Злетовска Река и на левата страна покрај патот кој води кон Бунеш се наоѓа населбата Драч за која се вели дека е населена со Роми, иако официјалнте демографски податоци од пописите спроведени по Втората светска војна укажуваат дека во селото немало припадници на ромската заедница.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 146 126 196 234 296 281 320 320 312 277
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Ратавица е македонско-влашко село.

Според истражувањата од 1970тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Думанци (10 к.) и Пац'ци (7 к.)
  • Доселеници: Рајчанци (4 к.) доселени се од селото Рајчани кај Кочани; Лезовци (2 к.) доселени се од селото Лезово; Ефремовци (4 к.) доселени се од селото Древено; Давидовци (4 к.) доселени се од селото Кундино; Пробиштипчанци (4 к.) доселени се од Пробиштип.
  • Власи: Власите (3 к.) овде дошле во почетокот од 20ти век, а во овој регион дошле пред околу 220 години од околината на Грамос во Грција.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото

Во селото работи подрачното училиште „Браќа Миладиновци“, во коешто се одржува настава до петто одделение.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Ратавица, се наоѓале и селата Бунеш, Древен, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Трипутанци, Турско Рудари и Шталковица. Општина Злетово постоела и во периодот 1950-1952 година, во чиј состав тогаш влегувале Злетово, Зеленград, Јамиште, Лесново, Луково и Ратавица.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[11]
Споменици
  • Спомен-плоча посветена на С. Ефтимов Василев.[12]
Реки

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 27 ноември 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 256. 
  3. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 874.
  4. Населени места во Општина Пробиштип — Ратавица, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 222.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. 7,0 7,1 „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. . Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамидчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопje 1974. 
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. Споменичко наследство — Споменици и спомен обележја, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]