Црква „Св. Троица“ - Ратавица

Координати: 41°58′07.5″N 22°13′04.3″E / 41.968750° СГШ; 22.217861° ИГД / 41.968750; 22.217861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Злетовска
Местоположба

Карта

Координати 41°58′07.5″N 22°13′04.3″E / 41.968750° СГШ; 22.217861° ИГД / 41.968750; 22.217861
Место Ратавица
Општина Пробиштип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Завршено 2015
Осветување 3 мај 2015
Архитектонски опис

Света Троица — главна селска црква во селото Ратавица.[1] Црквата е сместена во северниот дел од селото, во непосредна близина на подрачното училиште „Браќа Миладиновци“.

Историја[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 13 мај 2010 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.[2] Изградбата била завршила во 2015 година, а црквата била осветена на 3 мај 2015 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион по повод 70 години од одржувањето на првиот црковен народен собор во Скопје во март 1945 година.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата има правоаголна основа, со апсида во задниот дел, и претставува крсто-куполен храм со осумаголна купола. Пред влезот на црквата има натстрешница со триаголен кров која е поддржана од два јонски столба. На предниот дел од натстрешницата има дрвена основа на којашто се наоѓа дрвен крст. Ѕидовите на црквата и столбовите на натстрешницата се обоени во жолта боја, додека јонските капители се бели. Градбата и натстрешницата се покриени со кров од ќерамиди, додека куполата е покриена со метален кров. Над влезната врата има живопис на полукружна основа кој го отсликува Светото Тројство. Внатрешноста на црквата целосно е живописана. Црквата нема камбанарија, но истата е во изградба во непосредна близина на градбата, од левата страна на главниот влез.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 29. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Спасовден - преосветување на црква во с. Полаки и поставување камен темелник за изградба на нова црква во с. Ратавица - Злетово Архивирано на 9 јуни 2020 г., страница на Брегалничката епархија.
  3. Осветување на црква во с. Ратавица - Злетово Архивирано на 30 септември 2020 г., страница на Брегалничката епархија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]