Врбица (Кочанско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Врбица
Врбица is located in Македонија
Врбица
Местоположба на Врбица во Македонија
Координати 41°54′34″N 22°14′39″E / 41.90944° СГШ; 22.24417° ИГД / 41.90944; 22.24417Координати: 41°54′34″N 22°14′39″E / 41.90944° СГШ; 22.24417° ИГД / 41.90944; 22.24417
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 12 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 390 м
Врбица на општинската карта
Врбица во Чешиново-Облешево.svg

Атарот на Врбица во рамките на општината

Врбица — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 12 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 100 Македонци.[1] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 1042 Македонци христијани и 90 Власи.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 12 жители, од кои 10 Македонци и 2 Власи.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години: [3]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 278
1953 99 82 32 119 1 1 219
1961 117 ... 96 213
1971 96 ... 41 137
1981 38 10 48
1991 20 20
1994 13 6 19
2002 10 2 12

Родови[уреди | уреди извор]

Врбица е македонско-влашко село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

Македонски

  • Ѓајинци (3 к.) и Зрзовци (4 к.) најстар селски род. Незнаат од каде се доселени.
  • Мартиновци (4 к.) доселени се во 1915 година од селото Гујновци кај Пробиштип.
  • Бунешани (3 к.) доселени се во 1938 година од селото Бунеш кај Пробиштип.

Влашки

  • Брова (10 к.) доселени се во втората половина на 19ти век. Овде дошле Штерјо и Зико. Биле Браќа, ја знаат следната генеологија Калчо (жив на 45 год. во 1960 година) Нако-Зико. Власи наречени Брова имало и во Грамос во Грција, па најверојатно од таму се доселени.
  • Лука (7 к.) доселени се кога и родот Брова. Основачот на родот бил Михал Лука. Власи наречени Лука имало и во крушевско и битолско.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  2. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]