Преод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Преод е село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.



Преод
Преод is located in Македонија
Преод
Местоположба на Преод во Македонија
Општина Општина Свети Николе
Население 44 жит.
(поп. 2002)


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, на североисточните падини на Градиштанска Планина. Оддалечено е 10 километри североисточно од градот Свети Николе.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Штипската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Преод живееле 360 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Преод имало 320 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Преод живеат 44 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 360[1] 320[2] 567 507 390 198 80 39 40 44

Родови[уреди | уреди извор]

Родови во селото: Чапровци (7 к.), Калинци (11 к.), Мушевци (14 к.) и Тангурци или Дулевци (4 к.) потекнуваат од предци кои живееле во Слатина, село кое сега не постои, се наоѓало 1300 м. северно од Мездра, на патот Свети Николе-Куманово. Во родот Чапровци се знае следната генеологија Давчо (жив на 75 год. во 1957-58 година) Спасо-Бошко-Коле, од Слатина се доселил неговиот татко. Во родот Калинци се знае следната генеологија Ѓеле (жив на 79 год. во 1957-58 година) Смиле-Ѓоргија-Петко-баба Калина, која се доселила во селото; Ѓургуровци (11 к.) доселени се од некое скопско село Бучук (?); Кркашовци (11 к.) доселени се од некое село во Прилепско; Џамбазовци (2 к.) доселени се однекаде; Ванко (1 к.), Санде (1 к.), Санде (1 к.), Стојче (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се од околината на Крива Паланка. Стојче од селото Градец, а Стојан од Страцин, тие се познати под името Шопи; Благоја (1 к.) доселен од селото Габреш.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 233.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 – 135.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. "Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)". Државен завод за статистика. 
  5. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска котлина.