Трикладенец (Горни Стубол)
Трикладенец — населба од доцноантичко време кај пробиштипското село Горни Стубол. На 3 км западно од селото, на тромеѓата помеѓу селата Секулица, Горни Стубол и Горно Барбарево, мештаните изградиле три кладенци, по еден за секое село. Околу нив на прилично голема површина се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според кажувањето, биле откривани остатоци од темели на ѕидови и притоа биле најдени повеќе бронзени монети.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 321. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |