Руг Баир (Горобинци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руг Баир
археолошко наоѓалиште
Руг Баир is located in Археолошки локалитет во Македонија
Руг Баир
Руг Баир
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°52′29″N 21°52′37″E / 41.87472° СГШ; 21.87694° ИГД / 41.87472; 21.87694Координати: 41°52′29″N 21°52′37″E / 41.87472° СГШ; 21.87694° ИГД / 41.87472; 21.87694
Основни податоци
Име Руг Баир
Место Горобинци
Општина Свети Николе
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период неолитско време
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Руг Баир — населба од неолитското време. Се наоѓа на околу 2 км јужно од селото меѓу полските патчиња од Горобинци кон селата Иванковци и Ѓуземелци, на еден од гребените на ѓуришкиот масив што се спушта во благ пад кон полето,достигнувајќи на исток до селото Амзабегово. Локацијата на која лежи е поголема, природно зарамнета тераса, на средината малку седлесто вдлабена издолжена во правец запад-исток и со димензии од 220х80 м.

На западниот крај се издига Перечки Рид, северната страна се спушта кон местото Падина, а дел од источната и јужната страна се стрмно засечени од Ѓуземелски Дол. Како неолитско наоѓалиште е регистриран во 1960 година, а една година подоцна Археолошкиот музеј вршел ископување. Со отворањето на 11 сонди, составени од 1 до 3 квадрати со димензии од 3х3 м, се настојувало да се добијат основните податоци за стратиграфијата на населбатакако дел од бинационалниот научен проект за истражување и проучување на неолитот во Источна Македонија, односно во Амзабегово, воспоставен помеѓу овие две институции. Овие ископувања, како и претходните, покажале дека се работи за повеќеслојна населба, со културен слој од 1, 40 м, во кој се откриени материјални остатоци од населбата што била трипати обновувана, и тоа во еден хронолошки и културен континуитет. Подвижните наоди, пред сè керамичките кои се најмногубројни, според типологијата на формите, орнаментиката и техниките на нивното изведување, ликовните и другите белези, речиси во целост се идентични со оние од среднонеолитските слоеви во населбата во Амзабегово и со другите населби од анзабеговско-вршничката културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип, а сосема мал дел во Музејот на Македонија во Скопје[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Шаблон:Архео-Свети Николе