Стара Црква (Крушица)
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Крушица. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На 300 м источно од селото има урнатини од мала правоаголна црквичка со димензии во основата од 6 × 3 м и ѕидови зачувани во височина до 2 м, градени од големи камени блокови. На источниот крај се наоѓа ниша во вид на апсида. Во ѕидовите се вградени две надгробни стели со старогрчки натписи и една архитравна греда со профилирана рамка во која, исто така, има натпис.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Колева Чешма — средновековна црква и некропола;
- Рид — старохристијанска црква;
- Св. Дух — осамен наод од римското време;
- Св. Спас — осамени наоди од римското време;
- Крушица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 354, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Крушица (Светиниколско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Свети Николе
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Светиниколско