Пиринџа (Мустафино)
Пиринџа — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Мустафино. Претставува населба и некропола од бронзеното време.
Во нивите на Ј. Божилов, Ц. и К. Михајлови и М. и С. Цекови, кои се наоѓаат на околу 3,5 км јужно од селото и во близината на железничката пруга Велес - Штип и автопатот А3, има многубројни фрагменти од керамички садови со држалки што завршуваат во вид на рокче. Преовладува црната убаво мазнета керамика.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Немашница - Рамниште — населба од римско време
- Турски Гробишта — населба и некропола од римско време
- Ќерамидница — населба од доцноантичко време
- Узун Мери — палеолитска населба
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 355. ISBN 9989-649-28-6.