Под Кукуноса (Стањевци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Под Кукуноса
археолошко наоѓалиште


Местоположба 41°57′27″N 21°54′12″E / 41.95750° СГШ; 21.90333° ИГД / 41.95750; 21.90333Координати: 41°57′27″N 21°54′12″E / 41.95750° СГШ; 21.90333° ИГД / 41.95750; 21.90333
Основни податоци
Место Стањевци
Општина Свети Николе
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Под Кукуносаархеолошко наоѓалиште во светиниколското село Стањевци. Наоѓалиштето претставува населба и некропола од римско време. На оддалеченост од околу 500 м јужно од селото, под ридот Голема Кукуноса, во нивата на Наце Иванов е најдена вотивна плоча од бел мермер со димензии од 25 × 25 × 5 см. Во горниот дел е заоблена лачно, а во централниот дел има релјефна претстава на жртвеник, со по една змија од страните, врз кој е поставен кантарос со сцена на жртвување. Се работи за претстава на синкретистичко божество од фригиско потекло. При обработувањето на нивите мештаните наоѓале темели од објекти и големи плочи од гробови. Теренот е во непосредната близина на населбата на наоѓалиштето Грамади. Вотивната плоча се чува во Народниот музеј во Свети Николе.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 360, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069