Градиште (Мечкуевци)
Градиште — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Мечкуевци. Претставува утврдена населба од железното време, хеленистичкото време и римското време. На југоисточната страна од селото се издига голема височинка што доминира во тој дел на Овчеполието. На нејзиниот врв има зарамнето плато со димензии 200 × 100 м, на кое се среќаваат грамади од градежен материјал, како и делови од керамички садови питоси. Најдени се и монети, а оттука потекнува еден надгробен споменик што е однесен во Музејот во Штип во 1950тите. Изработен е од зелен песочник, со димензии од 0,55 × 0,47 × 0,10 м. Во едикулата има семејна претстава на маж, жена меѓу нив дете кое стои на постамент шт личи на ара. Сите се облечени во долги облеки, а жената е обвиена со шал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Средни Рид - Минџево Чукарче — можна вила рустика од римското време;
- Мечкуевци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 355. ISBN 9989649286.
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Мечкуевци
- Археолошки наоѓалишта во Општина Свети Николе
- Археолошки наоѓалишта во Светиниколско