Градиште (Орел)
Градиште — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Орел. Претставува утврдена населба од железното време.
Се наоѓа на 500 м северно од селото, на левиот брег на реката Мавровица. Претставува голема височинка со зарамнето плато од 100 × 100 м површина, на кое има грамади од градежен материјал и фрагменти од керамички садови.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Долни Ливади — могила од римското време
- Ѕидини — могила од римското време
- Лиманова Корија — некропола од железното време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 357. ISBN 9989-649-28-6.