Латинска Црква - Пусто Валевци (Долно Ѓуѓанци)
Латинска Црква - Пусто Валевци — доцносредновековна црква и некропола кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. Се наоѓа на 3 км од селото, на десната страна од патот Св. Николе-Куманово и на околу 500 м пред местото каде што се одвојува новиот пат за селото. Теренот е блага падина што се спушта кон југ, на која се гледаат урнатини од мала црквичка со димензии во основата од 6 × 4 м. Околу неа има гробови од камени плочи, од кои, многу одамна, мештаните раскопале два гроба со скелетно погребување. Во едниот пронашле бронзена белезица, прстен со широка глава и девет копчиња, исто така од бронза. Наодите не се зачувани[1].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |