Корболе (Долно Ѓуѓанци)
Корболе — тумули од железното време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. На околу 600 м северно од местото каде што патот за селото се одвојува од патот Св. Николе-Куманово, на еден гребен се наоѓаат два тумула. Тумулот 1, кај мештаните познат уште под името Вршник, има неправилна кружна основа со димензии од 17 × 14 м и височина од 2,5 м. Тумулот 2 лежи 100 м североисточно од првиот и е со издолжена основа од 7 × 5 м и височина од 0,60 м. Северната половина му е оштетена од површински копања, така што во центарот се гледаат неправилно нафрлени камења[1].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |