Кушевски Трла (Горно Ѓуѓанци)
Кушевски Трла — населба и некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото Горно Ѓуѓанци, на границата со селото Строиманци, во нивата на Ѓ. Гаврилов се пронајдени темели од објект со правоаголна основа, фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Западно од него, на 50 м, со орањето биле откриени повеќе гробови.
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |