Јокуш (Немањици)
Јокуш — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува некропола од римско време.
Се наоѓа на околу 1,5 км северозападно од селото, над патот што води кон селото Орел. Претставува тераса под месноста Грчки Рид која е широко отворена и со благ пад кон коритото на Орелска Река и акумулацијата „Мавровица“. Во нивата на Војчо Златев Бутковски и во соседните ниви со орањето биле откривани плочи од конструкции на гробови, а во 1968 година е најдена надгробна плоча од мермер со релјефна претстава на задушна гозба, која В. Саневја откупил за Музејот во Штип. Во 1981 и подоцна, во 1985 и 1986 година, се извршени заштитни ископувања при што биле откриени и истражени 34 гроба, од кои само во еден гроб покојникот бил инхумиран. Погребувањето е извршено во три типа дупки: овални, во кои остатоците од кладата биле положени во ладна состојба и потоа покриени со нафрлени аморфни речни камења; правоаголни јами, во кои остатоците биле положени во топла состојба и покриени со плочи од песочник и речен камен, околу кои честопати бил направен венец од аморфни камења; правоаголни - во кои се поставувал камен-меморија. Гробните прилози се разновидни и меѓу нив има сатчиња од стакло и керамика и накит. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св. Николе. [1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Алин Дол — населба од неолитското и римското време
- Ветрен — некропола од железното време
- Вреж — населба од неолитското време
- Градиште — утврдена населба од железното време
- Давица — населба и некропола од римското време
- Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време
- Јокуш — некропола од римското време
- Мишевска Воденица — вила рустика од римското времеж
- Црквиште — населба и некропола од римското време
- Немањици;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |