Свети Спас (Свети Николе)
Свети Спас — археолошко наоѓалиште во Свети Николе Наоѓалиштето претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м од центарот на градот во јужен правец и во близината на наоѓалиштето Рудина. Претставува терасеста височинка (кота 309) на која, со градежните работи за локалниот ТВ-репетитор бил откриен и отворен гроб – тип циста, од монолитни плочи од песочник и со димензии од 1,87 × 0,78 × 0,81 м. Покојникот бил положен на плеќи врз исто таква монолитна плоча. Најдени се две монети, едната на Диоклецијан а другата на Константин. Може да се претпостави дека во оваа некропола биле погребувани жителите од населбата на местото Рудина. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св. Николе[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Свети Николе;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 359, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |