Малино (археолошко наоѓалиште)

Координати: 41°56′58″N 21°50′39″E / 41.94944° СГШ; 21.84417° ИГД / 41.94944; 21.84417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Малино


Местоположба 41°56′58″N 21°50′39″E / 41.94944° СГШ; 21.84417° ИГД / 41.94944; 21.84417
Основни податоци
Место Малино
Општина Свети Николе
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Малино археолошко наоѓалиште во светиниколското село Малино. Претставува осамен наод од римско време. Меѓу лапидите во Заводот и музеј во Штип се наоѓа надгробен споменик донесен во првата половина на педесеттите години од селото Малино, наоѓалиште непознато, со димензии од 2 × 0,50 × 0,11 м. Поделен е на калкан, едикула и натписно поле. Во средината на калканот има розета, над неа пинија, а лево и десно полумесечини. Во едикулата се претставени две машки фигури облечени во различни долги облеки и со фризури со куси кркми прилепени за челото. Едната држи стап и меч во десната рака, а во левата ролна. Што се однесува до натписното поле, во горниот дел има коњаник што стои, облечен во куса облека, кој во левата рака ја држи уздата. Натписот е во 11 реда, напишан на грчки, со семеен карактер.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069