Ѓуришки Манастир (Трстеник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Оваа статија е за археолошкото наоѓалиште. За манастирот, видете Ѓуришки манастир.

Ѓуришки Манастир
археолошко наоѓалиште
Ѓуришки Манастир is located in Македонија
Ѓуришки Манастир
Местоположба на Ѓуришки Манастир во Македонија
Местоположба 41°54′11″N 21°50′15″E / 41.90306° N; 21.83750° E / 41.90306; 21.83750Координати: 41°54′11″N 21°50′15″E / 41.90306° N; 21.83750° E / 41.90306; 21.83750
Основни податоци
Место Трстеник
Општина Свети Николе
Тип

Археомак 2.0 графички знак (осамен наод).svg осамен наод


Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Ѓуришки Манастир археолошко наоѓалиште во светиниколското село Трстеник. Се наоѓа во дворот на Ѓуришкиот манастир Наоѓалиштето претставува осамен наод од римско време и среден век. Според Никола Вулиќ, имало два фрагмента од надгробна плоча со грчки натпис, покрај кој, лево и десно, имало релјефно претставени полумесечини. Во манастирскиот комплекс, во педесеттите години бил откопан гроб и во него се најдени медалјон со иницијали МР и златни обетки, кои Блага Алексова ги поврзува со Марија Палеолог. Во еден од ѕидовите на манастирската штала се вградени базис од столб и фрагмент од надгробна плоча со грчки натпис. Гробниот наод се чува во Музејот на Македонија во Скопје, базисот во Народниот музеј во Свети Николе, а фрагментот од надгробната плоча стои на самото место.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 361, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069