Мишевска Воденица (Немањици)
Мишевска Воденица — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува вила рустика од римско време.
Се наоѓа на 2,1 км северозападно од селото, на десниот брег на Орелска Река и југозападно од наоѓалиштето Јокуш. Лежи на голема речна тераса, под патот за селото Орел, која на источната страна е заштитена со венец од благи ритчиња. Во 1981 година, при изградбата на браната од хидросистемот „Мавровица“ е извршено заштитно ископување од страна на Археолошкиот музеј и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Во нивата на Б. Гигов и во соседните ниви се откриени повеќе темели од објект ѕидан од кршен камен и варов малтер. Со оглед на бројот на просториите, се смета дека се работи за голема вила рустика, во која имало бања со префурниум и тепидарум, со под подигнат врз суспензури и столпчиња, просторија за гмечење на грозје и други наменски простории. Источниот крај на вилата е однесен од поројните води на реката.[1].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Алин Дол — населба од неолитското и римското време
- Ветрен — некропола од железното време
- Вреж — населба од неолитското време
- Градиште — утврдена населба од железното време
- Давица — населба и некропола од римското време
- Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време
- Јокуш — некропола од римското време
- Мишевска Воденица — вила рустика од римското времеж
- Црквиште — населба и некропола од римското време
- Немањици;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 356 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |