Св. Спас (Крушица)
Св. Спас — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Крушица. Претставува збир од осамени наоди од римско време.
Кај селската црква „Св. Спас“ („Вознесение Христово“), Н. Вулиќ ги регистрирал следните камени споменици: надгробна плоча со старогрчки натпис; надгробна плоча со старогрчки натпис во табула ансата; надгробна плоча со старогрчки натпис со релјефна претстава на жртвеник во горниот дел, а лево и десно од него стрелки и змии, исто така, релјефно претставени (плочата и денес се наоѓа пред црквата); фрагмент од надгробна плоча од гнајс со старогрчки натпис покрај кој, од десната страна, има две полумесечини.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Рид — старохристијанска црква;
- Св. Дух — осамен наод од римското време;
- Св. Спас — осамени наоди од римското време;
- Стара Црква — средновековна црква и некропола;
- Крушица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 354, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |