Турски Гробишта (Мустафино)
Турски Гробишта — археолошко наоѓалиште кај светиниколското село Мустафино. Претставува населба и некропола од римско време.
На југоисточниот раб на селото, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и плочи од гробни конструкции. Поголем број монолитни плочи се откриени во нивата на Ж. Борис.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Немашница - Рамниште — населба од римско време
- Пиринџа — населба од бронзено време
- Ќерамидница — населба од доцноантичко време
- Узун Мери — палеолитска населба
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 355. ISBN 9989-649-28-6.