Ќупче (Ерџелија)
Купче или Буниште — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Ерџелија. Наоѓалиштето претставува населба од неолитското време. На 1,5 км југозападно од селото, во нивите на еден жител, кои лежат на мала височинка - тумба, се среќаваат делови од рачно изработени садови и орудија од камен и кремен, кои типолошки се исти со оние во последниот доцнонеолитски слој во Барутница, во Амзабегово. Спорадично се среќаваат и делови од керамички садови од доцноантичкото време. Жителот што ги пронашол откопал два питоси кои ги чува дома.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бела Чука - водовод од римското време;
- Крушка - населба од доцноантичкото време;
- Ерџелија;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 348. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |