Завод и музеј (Штип)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Завод и Музеј
National Museum (Shtip) 15.JPG
Општи податоци
ГрадШтип
ЗемјаМакедонија Македонија
Завршена1955

Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музејмузејска и конзерваторска установа во Штип, основана во 1950 година како установа на градот, за да во 1955 г. прерасне во Музеј на цешиот штипски крај.[1]

Заводот - Музеј поседува повеќе збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста и современата македонска уметност и врши дејности од областа на заштитата на недвижни и движни споменици на културата, презентација, обработка и чување на музејски материјал и организација на ликовни изложби.

Тежиштето на активностите на Заводот - Музеј е насочено кон:

  • Истражувачки работи и набавка на музејски материјал
  • Стручно-музеолошка обработка
  • Заштита на материјалот и културно-историските споменици
  • Културно – образовна и воспитна дејност

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кецкаровски, Перо (1980). Музејска дејност во СР Македонија. Републички секретаријат за култура.