Овчеполски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Овчеполскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Овчеполски дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на источни дијалекти на северното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Свети Николе со околината. Овчеполскиот дијалект е близок дијалект со кумановскиот, кривопаланечкиот и со кратовскиот дијалект.

Основни фонолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • употреба на а наместо е: трева > трава
  • буквата он е заменета со у
  • замена на вторичниот ер со ă
  • употреба на групата мњ наместо групата мј: ламја > ламња

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

  • употреба на имперфектно-аористна наставка -смо / -сте: викасмо, викасте
  • употреба на наставката -ики за множина на именки од среден род: пилики
  • наставката -ва, -сва за 3 лице множина од аорист: они бева, они имасва
  • чување на старото палатално л

Надворешни врски[уреди | уреди извор]