Кумановски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кумановскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Кумановски дијалектдијалект што спаѓа во подгрупата на источни дијалекти на северното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Куманово и Кумановско, поточно во селата кои се наоѓаат во областите Жеглигово, Средорек, Козјачија и северните села во областа Которлак. Близок е со кратовскиот, кривопаланечкиот и овчеполскиот дијалект. Кумановскиот говор е доста популарен во Македонија и карактеристичен е по неговото брзо зборување и шегобијност, особено прославена со хумористиката на глумецот и водител Тони Михајловски. Овој дијалект е присутен и во македонската книжевност, а пример е драмата „Бегалка“ („Ленче Кумановче“) од Васил Иљоски. Исто така, дијалектот содржи и остатоци од падежи.

Фонолошки особености[уреди | уреди извор]

Правилник на Самарџискиот еснаф во Куманово 1870 г. напишан на кумановски дијалект, со извесни старословенски влијанија и конструкции својствени на формалните документи од тоа време
  • Изедначување на етимолошките ерови ъ, ь во еден глас а: саставен, саставено, састави, саставили, састанко, дан...
  • Вредност а наместо секундарната полугласка ъ2 во одделни случаи: могла
  • Развој на въ, вь во у : у базите, у борба, у борбата, у Градиште, у градо, у Куманово, у манастир, у некоје село...
  • Замена на ѫ со у во одделни случаи: куде, накуде, мужеви, поступако, поступат, пут, руке, руку, смут...
  • Замена на старото вокално л со у во мал број случаи: дужни, кук, пуна, пуно, пуну, потпун, потпуности; и Бугарија, бугарска...
  • Непрегласено а во ора.
  • Чување на мекото н’ пред предна самогласка (њега, његов, његова, њим, њима, њину, њихову)...
  • Чување на старото меко л’ во сите позиции: ваљак, ваља се, закључениа, закључиме, искључен, Бабина Пољана, недеља, непријатељ, сељак, сељани, сељаци, сељаците...
  • Прејотација на иницијалното е: је, један, јединице, јединици, јединиците, јединството, једно...
  • Губење на гласот х во одделни случаи: стра, тупкав од стра, ора,  Сув Ора...
  • Промена на групата л+ј во љ: иљади, иљадници, хиљаде...
  • Промена на мј во мњ: земња, земњата, земњи...

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Наставка во множина кај именките од женски род што завршуваат на : бомбе, борбе, Ретки Буке, врбе, девојке, задаче, јединице, карактеристике, новине, овце, песме, племњје, планине, приколице, пушке, снаге, тешкоќе, точке, шифре...
  • Наставка во множина кај атрибутските зборови, употребени со именките од женски род што завршуваат на : Жилинске мале, партизанске единице, Хитлерове  наезде...  
  • Чување на разликата меѓу општата и номинативната форма кај одушевените именки од машки род што завршуваат на консонант: се отфрлил предлог на Карпоша, снаги на непријатеља, у борбу против окупатора, без секретара...
  • Заменка сваки: свак, сваки дан, сваки пут, свакој...
  • Заменска форма њега: што да праиме со њега.
  • Кратка заменска форма гу за женски род: да гу поколебав веру, гу даде Македонију, продужите гу борбу...
  • Наставка -ога: ќе гледам преку дугога да го убедим, некога, крвавога, лудога, новога...
  • Множинска наставка -мо кај глаголите: земемо, незнамо, извештавамо, имамо, нападамо, напустимо, повикувамо, правимо, сменимо...
  • Наставка -ше во трето лице множина на аористот: од како дојдоше, дочекаше, отнаше...покрај наставката –ва: видева, почнава, паднава, дадова, наведнава, направива, почнава, улегнава...
  • Наставка трето лице множина на сегашното време: да се вратив, да се врнев, дружив, се есапив, знајев, да идев, кажев, кријев, крстив, мислив, направив, напредујев, да научив...
  • Партиципска наставка -ја: бија, донеја, започнаја, искочија, однеја, поклаја, отнаја, покрај наставката : бил, видел, дал, збрал, зборил, имал, направил, ослободил, останал, подигнал, почнал...

Глаголи[уреди | уреди извор]

вика носи бере
викаше носеше береше
викаше носеше береше
викаше носеше береше
викасмо носесмо бересмо
викасте носесте бересте
викасва носесва бересва
глагол машки женски среден множина
има имаја имала имало имале

Лични заменки[уреди | уреди извор]

лице еднина множина
I ја ми
II ти ви
III он(а,о) они

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Божидар Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик, том 2, 1999, Скопје
  • Васил Дрвошанов, Дијалектолошки студии, детска радост, Скопје

Надворешни врски[уреди | уреди извор]