Глаголска л-форма во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
македонска граматика
македонски јазик

Глаголска л-форма — една од повеќето прости глаголски форми во македонскиот јазик. Глаголската л-форма го има добиено својот назив по основната карактеристика, односно според завршетокот на глаголите.

Особености[уреди | уреди извор]

Како што веќе е напоменато, името на простата глаголска л-форма е добиено по карактеристичната наставка . Оваа глаголска л-форма има промена само по род и по број[1].

Кај глаголите од а-група постои само една форма како на пример „копал“. Глаголите од е-група и и-група често образуваат по две л-форми како на пример „станал/станел“ или „паднал/паднел“. Од примерите може да се дојде до заклучок дека постојат свршени и несвршени л-форми од несвршени и свршени глаголи. Едната л-форма изразува свршено дејство (пр. станал) додека другата несвршено дејство (пр. станел).[2]

Употреба[уреди | уреди извор]

Глаголска л-форма најмногу се употребува кога сакаме да прераскажеме некому нешто, без разлика дали сме го чуле тоа, прочитале, или пак некој ни го кажал.

На пример мојот пријател ми вели: „Татко ми беше брашнар. Го работеше тој занает долго време“. Значи мојот другар ми раскажа за неговиот татко. Тој очигледно ја знае приказната за татко му, а јас не ја знам бидејќи не сум бил таму. Сега ако сакам да го прераскажам тоа на некој или напишам, ќе биде: „Татко му бил брашнар. Го работел тој занает долго време“.

Што учиме од ова? Учиме дека ја користиме формата кога не сме биле физички таму за време на настанот. Примери: „Леле колку си пораснал!“ „Што си правел во Гевгелија?

Глаголска л-форма се употребува и кога поставуваме и одговараме хипотетички прашања . На пример: „Ако би бил џин, што би направил?“ „Јас би скокнал мошне високо.

Друга употреба е кога претпоставуваме нешто. На пример: „Претпоставувам чуварите веќе го фатиле бегалецот“.

Образување[уреди | уреди извор]

Според образувањето на л-формата се изделуваат глаголи од е-група со о-раздел. Тука се јавуваат[1][2]:

  • редување на согласки - пр. текол, течел
  • испуштање на самогласки -пр. текол, текла
  • скратување - пр. јадел, јал
  • неправилно образување - пр. дојдел, дошол

Во однос на употребата се изделуваат несвршени л-форми од свршени глаголи (пр. дојдел). Тие не се самостојни туку одат со некои сврзници и партикули како на пример со ако, да ќе и слично. Така се образува фраза „ако дојдел“, а не „јас дојдел“.[1]

Покрај основната функција, со оваа глаголска форма се градат и одредени сложени глаголски форми како на пример минато неопределено време, предминато време, идно прекажано време и можен начин.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 196–197. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 222 и 224. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]