Прејди на содржината

Минато определено несвршено време во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Минатото определено несвршено време (МОНВ) во македонскиот јазик или познато и како имперфект е граматичко време кое македонскиот јазик го користи за искажување на минато засведочено дејство. Ова време се образува со шест различни наставки за личните заменки и за трите глаголски групи.

Образување

[уреди | уреди извор]

Минатото определено несвршено време се образува со додавање на наставки на соодветното лице. Наставките се додаваат на основната самогласка а кај глаголите од а-глаголска група и на основната самогласка е кај глаголите од е и и глаголска група. Наставките кои се користат за образување на ова време се[1]:

еднинамножина
1. − в − вме
2. − ше− вте
3. − ше− а

Следува табеларен приказ на промената на три глаголи од трите глаголски групи во минато определено несвршено време:

а - глаголска групаи - глаголска групае - глаголска група
Јас гледавловевјадев
Ти гледашеловешејадеше
Тој, таа, тоа гледашеловешејадеше
Ние гледавмеловевмејадевме
Вие гледавтеловевтејадевте
Тие гледааловеајадеа

Од самата промена на глаголите се гледа дека второто и третото лице еднина имаат иста наставка и дека основната самогласка кај глаголите од и-глаголска група преоѓа во е: лови −> ловев. Наставката -ја се јавува кај глаголите од е и и-глаголска група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка, па така имаме: мие −> миеја, пее −> пееја итн[1].

Употреба

[уреди | уреди извор]
Графички приказ на три најчести употреби на имперфектот. Во сина боја е минатото засведочено дејство, во црвена е минатото повторливо дејство, а во зелена е условното минато дејство.

Минатото определно несвршено време се користи за искажување на засведочено дејство во одвивање или во траење. Ова значење се изкажува со формите од несрвшените глаголи[1].

Форми на минато определено несвршено време имаат и свршените глаголи (како на пример винев, кажев), но тие не се самостојни туку одат со сврзници како: ако, да, ќе и имаат други значења како на пример: услов, идност во минатото и слично[1].

Покрај основната употреба, ова време има и второстепени значења како[1]:

  • услов
  • блага заповед
  • повторливост или вообичаеност
  • готовност
  1. 1 2 3 4 5 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 119. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]