Честички во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian language in old cyrillic.svg
„Слогница речовска“

Македонистика
Знаковен јазик
Историја
Книжевност
Регулаторно тело
Дијалекти
Граматика:

Правопис и правоговор:

Честички во македонскиот јазик — една од зборовните групи во јазикот. Честичките се познати и под името „партикули“ или „честици“. Оваа зборовна група е класифицирана како дел од неменливите зборови. Основната употреба на честичките е истакнување на други зборови или значењето на реченицата и тие служат да се образуваат некои граматички форми.[1][2]

Употреба[уреди | уреди извор]

Според Конески, честичките се користат за истакнување на зборови или значења на речениците, но и за определување на различни видови, како што се посочување, негирање, прашување и слично. Во поголемиот дел тие се јавуваат и како прилози и како сврзници, но нивната функција е подруга [3]. Бојковска наведува дека за тврдење се користи честичката „да“, за одрекување честичките „не“, „ниту“ или „ни“, за прашување честичките „дали“, „ли“, „зар“, „нели“ и за заповед честичките „да“, „нека“ и така натаму [4].

Поделба[уреди | уреди извор]

Во поглед на функцијата на честичките за истакнување некои зборови и значења на реченици во исказот, честичките можат да се поделат во следните подгрупи:

  • честички за засилување или истакнување[5][6]
„дури“, „просто“, „барем“, „само“, „сè“, „туку“, „и“ и „пак“
  • честички за изделување[7][8]
„само“, „единствено“, „уште“ и „исклучиво“
  • честички за присоединување[9]
„исто“, „исто така“, „такуѓере“, „притоа“, „уште“ и „сè“
  • честички за количество[10][11]
„речиси“, „скоро“, „прибер“, „токму“, „точно“, „рамно“, „таман“ и „одвај“
  • честички за определување[12][13]
„баш“, „имено“ и „токму“
  • честички за неопределеност[14]
„−годе“, „−било“, „− да е“ - овие не се самостојни, туку се спојуваат со одредени зборови (пр. кој-годе, кој да е, итн.)
  • честички за посочување[15][16]
„еве“, „ене“, „ете“, „на“, „ја“, „јале“ - честичките „ја“ и „јале“ се почести во употреба.
  • честички за одрекување[17][18]
„не“, „ниту“, „нити“ и „ни“
  • честички за прашања[19][20]
„ли“, „дали“, „зар“, „али“ и „нели“ - честичката „зар“ има модално значење (чудење), а честичката „али“ е ретка во употреба.
  • честички за заповед[21][22]
„ајде“, „да“ и „нека“ - овие имаат модално значење (давање наредби и желби)

Примери[уреди | уреди извор]

Конески и Бојковска ги даваат следните пример за некои од честичките во македонскиот јазик:

  • „Баш тоа сакав да ти го кажам.“ - определеност
  • „Само него го познава.“ - изделување
  • „Петре исто така не беше дојден.“ - присоединување
  • „За еден месец продале едвај сто тони никел.“ - количество
  • „Ете ти ги гостите.“ - посочување
  • „Ни јале, ни пиле.“ - негација

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1.   Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова. уред. Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7. 
  2.   Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура. 

Поврзано[уреди | уреди извор]