Прејди на содржината

Минато определено свршено време во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Минатото определно свршено време (МОСВ), поретко: аористграматичко време со кое македонскиот јазик се служи да искаже минато, завршено и заокружено дејство. Со цел да се образува ова време, македонскиот јазик има развиено само четири различни наставки за соодветни лица и две нулти наставки.

Образување

[уреди | уреди извор]

За образување на минатото определено свршено време, македонскиот јазик има развиено систем на наставки кои се додаваат на основниот глагол. Наставките кои се додаваат според лица се[1]:

еднинамножина
1. − в − вме
2. − вте
3. − а / − ја

Со дадените наставки, сите глаголи од сите глаголски групи и подгрупи можат да се сменат по лица, па така имаме:

а - глаголска група
прочита
и - глаголска група
и-раздел: прати
и - глаголска група
е-раздел: оздрави
и - глаголска група
а-раздел: издржи
Јас прочитавпративоздравевиздржав
Ти прочитапратиоздравеиздржа
Тој, таа, тоа прочитапратиоздравеиздржа
Ние прочитавмепративмеоздравевмеиздржавме
Вие прочитавтепративтеоздравевтеиздржавте
Тие прочитаапратијаоздравеаиздржаа
е - глаголска група
а-раздел: стане
е - глаголска група
е-раздел: сотре
е - глаголска група
о-раздел: дојде
е - глаголска група
раздел без самогласка: измие
Јас станавсотревдојдовизмив
Ти станасотредојдеизми
Тој, таа, тоа станасотредојдеизми
Ние станавмесотревмедојдовмеизмивме
Вие станавтесотревтедојдовтеизмивте
Тие станаасотреадојдоаизмија

Од промената на глаголите во ова време се забележува дека[1]:

  • второто и третото лице во еднина се еднакви и без лична наставка;
  • основната самогласка не се менува при промената по лице, освен во о-раздел од е-глаголската група, каде што наместо о се јавува е во второто и третото лице еднина;
  • кај глаголите со раздел без основна самогласка личните наставки се додаваат на општиот дел од глаголот;
  • Наставката -ја се јавува кај глаголите од и-група со и-раздел и кај глаголите од е-група со раздел без самогласка.

Употреба

[уреди | уреди извор]
Графички приказ на двете основни употреби на аористот. Во црвена боја е минатото заокружено дејство, а во сина дејство кое се однесува за идност.

Основното значење на минатото определено свршено време е да се искаже заокружено и засведочено дејство, во присуство или со учество на оној што зборува во еден определен момент во минатото. Временскиот период што го опфаќа ова време може да биде сосема кус (пр: Погледнав накај него.), како и долг (пр: Куќата ја изградија за шест месеци)[1].

За образување на ова време се употребуваат глаголи од свршен вид. Во поретки случаи, обично во народниот јазик, има и образување со несвршени глаголи, како на пример: Три дни лежев болен. Една вечер спав надвор.[1]

Покрај основното значење, со ова време може да се означи и[1]:

  • идност
  • услов
  • современост
  1. 1 2 3 4 5 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 120 и 121. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]