Негација на реченицата во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Негација значи негирање, одрекување.

Сите видови реченици може да ги негираме.

Одрекуваме кога некое дејство не се извршило, не се врши или нема да се врши.

Негираме со:

  1. честичките: не, ни и ниту;
  2. одречните заменки, заменски придавки и прилози: никој, ништо, ничиј, никаков, никаде, никогаш, никако;
  3. со некои претставки: не- (непријател); без- (безмилосен); како и некои претставки прифатени од туѓите јазици: а- (анемичен); де- (деконцентрира).

Разликуваме неколку видови негација:

  1. Во зависност од бројот на одречните зборови во реченицата се разликуваат: еднократна и повеќекратна негација.

На пр.: Тој не ја напиша лектирата. (еднократна негација)

Повеќекратната негација се јавува во различни видови:

а) со повеќе реченични членови – Никој ништо не ми кажа.

а) двојна негација – Ништо не смее да направи без нејзина дозвола.

б) заемно поништување на негацијата – Не можеш да не кажеш. (значењето е дека – мора да кажеш).

  1. Во зависност од тоа дали го негираме прирокот или некој друг член од реченицата: разликуваме: реченична (прирокот) и членска (друг член од реченицата).

За македонскиот јазик е карактеристична реченичната негација зашто и кога негираме некој друг член тоа го поврзуваме со прирокот – односно со целата реченица.

На пр.: Не дојдоа на прославата.

На прославата ни тој ни неговите другари дојдоа.

3. Покрај негирањето како во претходните примери, може да се негира и со зборови со вградена негација: заборави (не се сети), ретко (не е често), спречи (не дозволи) итн.[1]

  1. „Негација“. Македонски јазик и литература. 2010-12-08. Посетено на 2020-06-14.