Апозиција во македонскиот јазик
Примери |
---|
|
Апозиција — второстепен и самостоен реченичен елемент. Апозицијата може да е еден збор, фраза или реченица која е дополнителен елемент на реченицата и не зависи од останатите реченични елементи. Апозицијата најчесто се јавува меѓу запирки.
Особености
[уреди | уреди извор]Апозицијата може да се јави покрај секој реченичен член освен покрај прирокот. Со други зборови, апозицијата може да се користи покрај подметот, предметите и прилошките определби. Апозицијата и членот до кој се јавува апозицијата имаат исти вредности и често може да се менуваат меѓусебно. Така на пример земена е реченицата:
- Вардар, најголемата река во Македонија, извира во Вруток.
Во реченицата, „Вардар“ е подмет, „најголемата река во Македонија“ е апозиција, „извира“ е прирок и „во Вруток“ е прилошка определба. Според наведеното горе, апозицијата и членот до кој се јавува апозицијата (во овој случај „Вардар“) можат да си ги заменат местата и функциите:
- Најголемата река во Македонија, Вардар, извира во Вруток.
Така, во оваа ситуација „Вардар“ е апозиција, „Најголемата река во Македонија“ е подмет. Во двата примера местото е подметно, односно двата реченични члена се подметни. Сепак апозицијата може да се јави и на месото на директен предмет, индиректен предмет, прилошки предмет и прилошка определба.
- пр.
- Јас го сликав Вруток, изворот на реката Вардар. — директен предмет
- Слики му цртаме на Вруток, изворот на реката Вардар. — индиректен предмет
- Тој пееше за Вруток, изворот на реката Вардар. — прилошки предмет
- Ние возевме кон Вруток, изворот на реката Вардар. — прилошка определба
Наводи
[уреди | уреди извор]- ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова — Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ^ Friedman, Victor (2001). Macedonian grammar (англиски). SEE LRC, USA.
- ^ Lunt, Horace (1952). Grammar of the Macedonian literary language (англиски). Skopje.
- ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Атрибут и апозиција — блог.
Оваа статија за македонскиот јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |