Глаголска именка во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
македонска граматика
македонски јазик

Како дел од простите глаголски форми во македонскиот јазик се јавува и глаголската именка. Глаголската форма во македонскиот јазик е форма во која се вкрстува глаголот и именката.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Глаголската именка се образува од несвршени глаголи со наставката -ње. Оваа наставка се додава на основниот вокал а кај глаголи од а-глаголска група или на основниот вокал е на глаголи од е-глаголска група и и-глаголска група. Така имаме: гледа - гледање, вика - викање, мие - миење, коси - косење и слично. Покрај ова општо правило, поретко има и образување на глаголски именки со додавање на наставката -ние, најчесто од свршени глаголи. Така имаме: воспитува - воспитание, решава - решение и слично[1].

Глаголската именка е форма во која се вкрстува глаголот и именката, што значи во самата форма има делови и од глагол и именка. Во промената таа се однесува како именка, таа е во среден род, има еднина и множина, се членува, а се изведува од глаголска основа и најчесто значи име на дејство од најопшт вид, без укажување на неговиот вршител[1].

Исто така, глаголската именка може да означува и предмет, како на пример: Масата беше полна со јадење и пиење. Во ваков случај, овие две глаголски именки означуваат храна, т.е. пијалак[1].

Кога глаголската именка се употребува со прилог, таа заменува некоја зависна реченица или одделна глаголска форма, како во примерот: Го фатиле на спиење, што означува го фатиле додека спиел[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 (на македонски) Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. 2001. стр. 124 / 125. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]